СЗО: Во светот над 433.000 заразени во претходните 24 часа

пред 4 години

Повеќе од 433.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во претходните 24 часа ширум светот, со што бројот на заболени достигна 118 милиони.

Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за повеќе од 7.400 во претходните 24 часа, така што oд почетокот на пандемијата до сега починале повеќе од 2,6 милиони лица.

Северна и Јужна Америка имаат највеќе нови регистрирани случаи со корона, повеќе од 43 проценти во светски рамки (187.841), потоа следи Европа (172.812) и на крајот Источниот Медитеран (35.772).

Share
Scroll to Top