СЗО: Две предвремено родени бебиња починаа ноќта пред евакуацијата од Газа

СЗО: Две предвремено родени бебиња починаа ноќта пред евакуацијата од Газа

пред 5 месеци

Портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер, објави дека две предвремено родени бебиња починале во опколената болница „Ал Шифа“ во Газа во неделата пред евакуацијата, пренесува „Ал џезира“.

„Децата починаа таа ноќ исклучиво поради недостапната медицинска помош“, додаде Линдмајер.

Во неделата Светската здравствена организација помогна да се евакуираат 31 предвремено родено бебе од „Ал Шифа“, а во понеделникот 28 бебиња беа пренесени преку границата во Египет преку граничниот премин Рафах.

Другите деца моментно се во болници во јужниот дел на Газа.

УНИЦЕФ откри дека 20 од 28 бебиња биле префрлени во Египет без родителите да ги придружуваат.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, во Женева изјави дека причините се разни, од неможноста на некои родители да ја преминат границата, а други деца ги загубиле своите семејства.

Текстот СЗО: Две предвремено родени бебиња починаа ноќта пред евакуацијата од Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top