СЗО: Индискиот вид на коронавирус откриен во 17 земји

пред 4 години

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека варијантата на коронавирус, за која се верува дека предизвика епидемија во Индија, е откриена во примероци во 17 земји.

Варијантата Б.1.617 е откриена во повеќе од 1.200 вирусни секвенци внесени во базата на податоци на ГИСАИД од најмалку 17 земји, соопшти СЗО.

„Повеќето секвенци се од Индија, Велика Британија, САД и Сингапур“, објави СЗО.

СЗО неодамна ја забележа варијантата Б.1.617, која вклучува неколку субваријанти со малку поинакви мутации и карактеристики, како варијанта на интерес.

Но, сè уште не ја прогласил за загрижувачка варијанта што би значело дека е поопасна од оригиналната варијанта на коронавирусот бидејќи, на пример, се шири побрзо, посмртоносна е или поотпорна на вакцината.

СЗО, сепак, призна дека прелиминарните анализи покажуваат дека Б.1.617 има побрза стапка на ширење отколку другите варијанти во Индија што укажува на потенцијално поголема зараза.

Се додава дека другите варијанти на коронавирусот во циркулација во Индија покажуваат знаци на поголема зараза, па затоа комбинацијата може да игра улога во моменталниот интензитет на епидемискиот бран во земјата.

„Студиите покажуваат дека ширењето на вториот бран во Индија е многу побрзо од првиот бран.

Имунологот Дани Алтман од Лондонскиот империјален колеџ рече дека, според сè што видел, тој верува дека индискиот вид наскоро ќе стане загрижувачка варијанта.

Од друга страна, генетичарот Џефри Барет од институтот Сангер смета дека индиската верзија веројатно нема да биде толку проблематична како другите загрижувачки варијанти, како што се јужноафриканската или бразилската.

Share
Scroll to Top