СЗО: Ковид-19 и натаму е глобална вонредна состојба

пред 2 години

Светската здравствена организација објави дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две и пол години откако првпат беше прогласена.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Комитетот за вонредни состојби, составен од независни експерти, во соопштението потенцираше дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените услуги во голем број земји значат дека состојбата се’ уште е вонредна.

Бројот на пријавени случаи во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи, се вели во соопштението.

„Ковид-19 е далеку од завршен“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева. „Додека вирусот не’ притиска, ние мора да го потиснеме“.

Поради Ковид-19, на 30 јануари 2020 година, Светската здравствена организација за прв пат прогласи највисоко ниво на предупредување, познато како јавно здравствена вонредна состојба од меѓународно значење.

Таквата одлука може да помогне да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.

Share
Scroll to Top