СЗО: Омикрон е опасен вирус, се шири со брзина каква светот досега невидел

пред 2 години

Сојот на коронавирус, омикрон, кој се шири со брзина каква што светот не ја видел од почетокот на пандемијата, останува опасен вирус иако предизвикува поблаги симптоми, изјави генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус.

„ Иако омикронот предизвикува поблаги симптоми од делта (доминантната варијанта досега), тој останува опасен вирус, особено за оние кои не биле вакцинирани“, рече Гебрејесус за новинарите.

Омикрон, кој првпат беше идентификуван во јужниот дел на Африка на крајот на ноември 2021 година, се прошири низ целиот свет и огромен број луѓе се заразени со овој вид.

„ Повеќе пренос на вирусот значи повеќе хоспитализации, повеќе смртни случаи, повеќе луѓе неспособни за работа, вклучително наставници и здравствени работници. Исто така, постои опасност од нов вид, кој може да биде попренослив и смртоносен од омикрон“, предупреди генералниот секретар на СЗО.

Друг претставник на организацијата, Мајкл Рајан, на истата прес-конференција изјави дека коронавирусот не е лесна болест, туку болест која може да се спречи со вакцини.

Share
Scroll to Top