СЗО: Повеќе од 461.000 новозаразени во светот за 24 часа

пред 4 години

Повеќе од 461.000 нови случаи на коронавирус се потврдени ширум светот во изминатите 24 часа, а 8.300 лица починаа, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, изминатиот ден се регистрирани 461.606 новозаразени и 8.363 смртни случаи. Најголем број на новозаразении, 44 проценти, е регистриран во Европа, потоа во Северна и Јужна Америка и Југоисточна Азија. САД имаат најголем број на пациенти и смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Индија забележала 53.476 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголемо дневно зголемување од 23 октомври, според податоците на Министерството за здравство.

Индија има вкупно 11,8 милиони регистрирани случаи на Ковид-19, што е трет најголем број во светот по САД и Бразил. Податоците покажуваат дека земјата пријавила 251 нов смртен случај, или вкупно 160.692.

Share
Scroll to Top