СЗО препорачува два нови лекови за борба против ширењето на омикрон

пред 3 години

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој ја избегнува заштитата што ја обезбедуваат многу вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји. Брзо го заменува делта-сојот како доминантна варијанта.

Од панелот на Светската здравствена организација (СЗО) е препорачана употреба на два нови лекови, на фармацевтската компанија „Eli Lilly“, „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, како нови опции за лекување на пациентите со Ковид-19 бидејќи сојот омикрон брзо се шири.

Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон брзо го заменува делта-сојот принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии.

Комисијата го препорача „Lilly’s baricitinib“, продаден под брендот „Olumiant“, за пациенти со тешка слика на Ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела „GSK-Vir“ за пациенти со поблага клиничка слика.

Досега, терапијата со моноклонални антитела „GSK-Vir“ беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од „Eli Lilly“ и „Regeneron Pharmaceuticals“ понудија помала заштита при ваквите тестирања.

Експертите на СЗО забележаа дека ефективноста на третманот со моноклонални антитела – лабораториски произведени соединенија кои ја имитираат природната одбрана на телото – против новите соеви како што е омикрон сè уште е неизвесна, и рекоа дека упатствата за оваа класа лекови ќе бидат ажурирани кога ќе има дополнителни податоци.

Share
Scroll to Top