СЗО: Секоја десетта личност во светот се заразила со корона

пред 4 години

Околу десет проценти од светската популација веќе се заразиле со коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Мајк Рајан, раководител на одделот за кризи на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на југоисточна Азија и дека е забележано зголемување на бројот на смртни случаи во делови на Европа и регионот во источниот Медитеран.

„Нашите најдобри проценки во моментов ни покажуваат дека околу 10 проценти од светската популација веќе е заразена со вирусот. Тоа зависи и од државата и дали станува збор за град или село. Но, ова значи дека огромно мнозинство од населението сè уште е изложено на ризик”, објасни Рајан.

„Се приближуваме до тежок период. Болеста сè уште се шири“, додаде тој.

СЗО исто така објави дека избрала експерти за меѓународна мисија во Кина каде се открива потеклото на вирусот, но тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.

Share
Scroll to Top