СЗО ја одобри првата вакцина за итни случаи

пред 3 години

Светската здравствена организација вчера даде одобрување за вакцината на „Фајзер/Бионтех“ за итна употреба. Ова е прва вакцина против коронавирус, што е одобрена од СЗО за итна употреба, со што отворени се вратите на земјите да ги забрзаат сопствените регулаторни постапки на одобрување на увозот и примената на вакцината.

Одобрувањето овозможува и УНИЦЕФ и Панамериканската здравствена организација да набават вакцина за дистрибуција на оние земји на кои тоа им е потребно, се наведува во соопштението на СЗО.

Еднаков глобален пристап до вакцините е пресуден за борба против пандемијата, нагласи помошничката на Генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао.

„ Ова е многу позитивен чекор кон обезбедување на глобален приспат до вакцините против Ковид-19. Но, сакам да нагласам потреба за уште поголеми глобални напори за да се постигне доволно залихи на вакцината за да се задоволат приоритетните потреби на луѓето во целиот свет“ порача таа.

Share
Scroll to Top