Предупредувањето за поплави денеска беше проширено и на источниот брег на Австралија, а десетици илјади жители на Сиднеј ги напуштија своите домови во моментот кога обилните дождови повторно го зафатија најголемиот град во земјата и поплавија неколку големи предградија.
Источните реки на Австралија веќе беа блиску до максимумот, по рекордните врнежи во делови на Квинсленд и Нов Јужен Велс во последните недели, кои ги блокираа градовите и ги однесоа фармите и добитокот, пренесува Ројтерс.
67-годишна жена и нејзиниот 34-годишен син се пронајдени мртви во близина на напуштен автомобил во одводен канал во западен Сиднеј, соопштија властите, додека полицијата во Квинсленд ја потврди смртта на маж исчезнат во поплавите на 27 февруари.