Силен земјотрес ги погоди Филипините

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јавува Ројтерс.

Минданао е вториот по големина остров на Филипините, а исто така и најјужниот и најисточниот поголем остров на тој архипелаг.

Share
Scroll to Top