Силен земјотрес на Нов Зеланд

пред 3 години

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд.

Земјотресот се случил во близина на градот Бленхајм, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба.

Засега нема извештаи за повредени или за материјална штета.

Нов Зеланд лежи на сеизмички активниот „огнен прстен“ во Тихиот Океан, полн со вулкани.

Share
Scroll to Top