Силен земјотрес ја потресе Индонезија, издадено е предупредување за цунами

пред 3 години

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Индонезија.

Засега нема информации за штети или жртви, а издадено е предупредување за цунами, пренесува „Ројтерс“.

Епицентарот на земјотресот бил на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Макасар во јужниот дел на Сулавеси.

По првиот следеше земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала. Жителите на погодената област истрчале од своите домови. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, со седиште во САД, изјави дека врз основа на прелиминарните параметри на земјотресот можни се опасни бранови за бреговите кои се на 1.000 километри од епицентарот на земјотресот.

Индонезија се наоѓа на „Пацифичкиот огнен прстен“, област со силна сеизмичка активност сместена на неколку тектонски плочи.

Share
Scroll to Top