Силна експлозија во кафуле во центарот на Дамаск, најмалку петмина загинати

Силна експлозија во кафуле во центарот на Дамаск, најмалку петмина загинати

пред 3 часа

Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија во преполно кафуле во центарот на Дамаск, соопштија сириските државни медиуми.

Според државната телевизија, во кафулето, кое се наоѓа во близина на Палатата на правдата, била поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Ова е еден од ретките напади во сириската престолнина по соборувањето на поранешниот претседател Башар ел Асад кон крајот на 2024 година. Во мај годинава, во експлозија на автомобил-бомба пред Министерството за одбрана во Дамаск загина еден сириски војник, а најмалку 18 лица беа повредени.

Текстот Силна експлозија во кафуле во центарот на Дамаск, најмалку петмина загинати е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top