Ситуацијата во Париз е тешка, се подготвуваат нови мерки против Ковид-19

пред 3 години

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави дека епидемиолошката состојба во регионот на Париз е исклучително тешка и дека властите се подготвени да воведат нови мерки во борбата против коронавирусот.

Сепак тој не најави заострување на полицискиот час или ново регионално заклучување, пренесуваат француските медиуми.

Во главниот град, леглата се веќе пополнети и се планира трансфер на пациенти во делови на Франција каде капацитетите на болниците не се под голем притисок.

„Ги повикувам сите, особено оние кои живеат во главниот град, да бидат крајно внимателни, да носат маски и да ја почитуваат социјалната дистанца. Целта е да се намали притисокот врз болничкиот систем “, рече премиерот Кастекс.

Претходно оваа недела, на состанокот на Францускиот совет за одбрана се дискутираше за можно ново заклучување, но според француските медиуми, одлуката нема да се спроведе, дури и во регионот на Париз за време на викендот, иако ситуацијата е критична.

Што се однесува до северот на земјата, поради преполнетост на болниците се разгледува и можноста од трансфер на пациенти во Белгија, соопштуваат француските медиуми.

Во исто време, француската програма за имунизација против Ковид 19 е влошена поради логистички тешкотии и проблеми и поради одложената испорака на вакцините.

Share
Scroll to Top