Си-ен-ен: Хакерите што го нападнаа „Колонијал пајплајн“ се поврзани со Русија

пред 3 години

Хакерите кои стојат зад сајбер-нападот против најголемата американска гасоводна компанија „Колонијал пајплајн“ можеби се поврзани со Русија, објави во неделата Си-ен-ен, повикувајќи се на поранешен висок службеник за сајбер-криминал.

Претходно беше објавено дека групата хакери позната како DarkSide можеби е поврзана со нападот. Групата наводно потекнува од Русија, објави Си-ен-ен.

„ DarkSide обично ги напаѓа земјите во кои не се зборува руски. Нападот ја наведе Белата куќа викендот да формира меѓуагенциска работна група за да се подготви за различни сценарија, вклучително и дали треба да се преземат дополнителни чекори за да се ублажи какво било потенцијално влијание врз снабдувањето со гориво,” објави Си-ен-ен, повикувајќи се на претставник на Белата куќа.

Русија повеќепати ги негираше обвинувањата на САД за злонамерно однесување во сајбер-просторот.

„САД неосновано тврдат дека Русија изведува сајбер-напади против нивните ресурси и не сакаат да соработуваат во сајбер-просторот,“ изјави претходно секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.

Share
Scroll to Top