Скандал во Европскиот парламент – бугарски европратеник упати нацистички поздрав

пред 3 години

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски денеска направи скандал во Европскиот парламент кога испрати нацистички поздрав за време на расправата за пресудата донесена од Европскиот суд, а која се однесува на критиките за владеењето на правото во Унгарија и Полска.

Италијанската група претставници на „Ренесанса“ веднаш го осудија неговиот потег, и побараа од претседателот да го санкционира.

Џамбаски подоцна се огласи и рече дека не поздравува по нацистите, туку дека зборува за „обично мавтање“.

Share
Scroll to Top