Словенија ги олеснува рестриктивните мерки за Ковид-19

пред 2 години

Не се потребни повеќе пропусници за влез во Словенија, а оние кои биле во контакт со заразено лице не мора да бидат ставени во карантин.

Ова се промените во режимот на епидемиолошки рестриктивни мерки кои од денеска стапуваат на сила во Словенија, пренесе агенцијата СТА.

Владата во Љубљана објави дека Ковид-19 повеќе не се смета за карантинска болест, поради што нема потреба патниците да имаат доказ за вакцинација, реконвалесценција или тестирање.

Иако карантинот веќе не е задолжителен за оние кои имале близок контакт со заразените, советот за овие лица е да се тестираат во следните седум дена.

Како резултат на овие измени, следењето на контактите на заразените е прекинато, но, според министерот за здравство на Словенија Јанез Поклукар, остануваат на сила сите други ограничувања.

Share
Scroll to Top