Словенија од денес ги олеснува мерките, се отвораат хотелите

пред 4 години

Од денес започнува ублажување на дел од ограничувачките мерки во Словенија, во рамките на кои ќе биде дозволено контролирано отворање на сместувачки и хотелски капацитети, со ограничување дека на гостите може да им се издадат најмногу 30 соби по објект.

Сите гости мора да имаат или потврда за негативен тест на коронавирус или потврда за вакцинација, или за прележан Ковид-19. Од денес, исто така, ќе бидат дозволени спортски настани и натпревари, но без присуство на публика, а на хотелите и на мотелите ќе им биде дозволено да им понудат на своите гости употреба на базен или сауна.

Туристичкиот сектор го поздравува ова олеснување на рестриктивните мерки, но негодува бидејќи не беа објавени порано.

„Би сакале да ја искористиме целата сезона и се надеваме дека ќе биде добра“, вели Анже Чокл, хотелиер од Бохињ и посочува дека им е полесно на помалите сместувачки капацитети и на приватните лица кои изнајмуваат соби да се прилагодат на новонастанатата ситуација и на делумното олеснување на ограничувањата отколку на големите хотели.

 

Share
Scroll to Top