Несреќата во нуклеарната централа во Чернобил, во близина на градот Припјат во Украина, се смета за една од најголемите, ако не и најголемата еколошка катастрофа во историјата.
И, дали знаевте дека во срцето на озлогласената зона на исклучување (под реакторот број 4) има смртоносен радиоактивно место кое убива за неколку минути? Поради својата бизарна форма, тоа била наречена „Слоново стапало“.
Научниците ги проучувале кучињата кои живеат во околината на Чернобил и откриле нешто необично.
Станува збор за маса од токсичен материјал, создаден во зората на нуклеарната катастрофа во 1986 година, од многу опасен кориум.
Спасувачките служби го откриле „Слоновото стапало“ кое лежи во темната комора, а се верува дека материјалот истекол од реакторот и завршил на заштитниот под.
По контактот со бетонот, го променил составот, се оладил и се стврднал, пренесува The Sun.
Според читањата, масата и денес испушта доволно зрачење за да убие за 300 секунди.
Доколку дојде до таков контакт, последиците би биле внатрешно крварење, конвулзии, неконтролирано повраќање, дијареа и секако болна смрт.
Многумина веруваат дека „Слоновото стапало“ е најопасниот отпад на светот, а јавноста до денес видела само две фотографии.
Зрачењето влијаело и на камерите, па тие се со послаб квалитет, без разлика на опремата што се користи.
Текстот „Слоново стапало“ – токсично место на земјата кое може да ве убие за 5 минути е превземен од МАКФАКС.