Снег, поплави, торнадо – екстремно невреме се заканува на САД

пред 2 години

Од денеска некои делови од Америка ќе бидат погодени од силно невреме, а екстремните временски услови, според метеоролозите, ќе траат до петок.

Како што е најавено, се очекуваат обилни врнежи од снег, налети на бурен ветер, големо количество дожд, кое може да предизвика поплави, а не е исклучено некои области да бидат погодени од торнадо.

Областа на Северен Тексас, сè до Нова Англија, ќе биде погодена од снежна бура ноќта меѓу среда и четврток, а големи количини на врнежи се очекуваат во јужниот и централниот дел на Канзас, централниот дел на Мисури, северниот дел на Илиноис и централниот дел на Мичиген.

Постои можност училиштето да биде затворено во одредени делови на Канзас Сити, Сент Луис и Чикаго, каде се очекуваат и до 20 сантиметри снег – пишува Телеграф.рс.

Метеоролозите најавуваат силно невреме и можни торнада во јужните и централните делови на САД. Влошување на времето се очекува во среда навечер, а може да бидат погодени дури 11 држави, од Тексас до Вирџинија.

Можни се силни бури во среда навечер, предупредија метеоролозите на AccuWeather, а можни се сите форми на лошо време, вклучително и штетни налети на ветер, голем град и изолирано торнадо.

Невремето потоа ќе почне да се развива на исток во четврток.

Силниот дожд може да предизвика поплави во многу области, предупредија метеоролозите.

Share
Scroll to Top