Сопругите на двајца украински борци во фабриката за челик „Азовстал“, последното упориште на бранителите на Мариупол, денеска побараа од папата Франциско да помогне во префрлањето на украинските борци во трета земја.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Катарина Прокопенко и Јулија Федосијук разговараа со папата Франциско околу пет минути на крајот од општата аудиенција на плоштадот Свети Петар во Ватикан.
Него го замолиле директно да интервенира кај рускиот претседател Владимир Путин за ослободување на борците од „Азовстал“ бидејќи, како што рекле, заробеништво во рацете на Русите не е опција.
„Ројтерс“ објави дека Прокопенко му рекла на папата: „Вие сте нашата последна надеж. Се надевам дека можете да ги спасите. Ве молам, не дозволувајте да умрат“.
Тие рекле дека последен пат разговарале со своите сопрузи вчера. Нивните сопрузи се припадници на полкот „Азов“.
„Нашите војници чекаат да бидат евакуирани во трета земја, тие се подготвени да го положат оружјето во случај на таква евакуација“, рекла Федосијук.