Сорос: Нападот на Украина ме потсетува на опсадата на Сараево во 1993 година

пред 2 години

Милионерот и инвеститор Џорџ Сорос на „Твитер“ зборуваше за руската инвазија на Украина. Тој рече дека рускиот напад врз Украина, меѓу другото, го потсетил и на опсадата на Сараево во 1993 година.

„Сведок сум на трансформацијата на Украина од пропаднат дел од СССР во либерална демократија и отворено општество. Украина често се соочуваше со руска агресија, но истрајуваше. Храбрите Украинци сега се во првите редови и ги ризикуваат своите животи во напад што ме потсетува на опсадата од 1944 година  на Будимпешта и опсадата на Сараево во 1993 година“, напиша Сорос на „Твитер“.

Share
Scroll to Top