Сорос ја спореди Кина со нацистичка Германија

пред 3 години

Основачот на Фондацијата „Отворено општество“, милијардерот Џорџ Сорос повика на смена на кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Тој дури ги спореди претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022 година со Олимписките игри во 1936 година во нацистичка Германија, објави „Спутник“.

Сорос ја нарече Кина најмоќната авторитарна држава во светот и најголемата закана со која се соочуваат отворените општества денес.

Сорос тврди дека Кина, како и Германија во 1936 година, ќе се обиде да го искористи спектаклот на претстојните Олимписки игри во Пекинг за да постигне пропагандна победа на својот систем на строга контрола.

Тој, исто така, го нарече Шји вистински верник во комунизмот, за разлика од поранешниот кинески лидер Денг Ксијаопинг, кој воведе реформи на слободниот пазар и предупреди дека Мао Це Тунг и Владимир Ленин се негови идоли.

Сорос го заврши својот говор во институцијата „Хувер“ со повик за промена на режимот во Кина. Тој изјави дека се надева оти Џинпинг може да биде заменет со некој што ќе биде помалку репресивен.

„ Ова ќе ја отстрани најголемата закана со која се соочуваат отворените општества денес, и тие треба да направат се што е во нивна моќ за да ја поттикнат Кина да се движи во посакуваната насока“, рече Сорос.

Share
Scroll to Top