Состанок во Хаг: Балканот обединет против онлајн џихадистите

пред 4 години

Онлајн пропагандата на џихадистите во Европа беше тема на состанокот во Европол, на кој беше утврдено дека има дури 346 сајтови што пропагираат џихад.

На состанокот присуствуваа претставници на безбедносните служби од нашата земја како и од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Контратерористичките единици на сите земји ги споделија податоците што ги добија и сега се подобро запознаени со пропагандниот материјал на џихадистите, објави Европол.

Станува збор за видеоснимки и онлајн сметки на социјалните мрежи кои поттикнуваат насилство.

Утврдено е дека има дури 346 сајтови што пропагираат џихад.

Собирот беше организиран од Интернет-рефералната единица на Европската Унија, која ги обележа како опасни содржините на приврзаниците на терористичката Ал Каеда, таканаречената Исламска држава и групите поврзани со џихадистите.

Share
Scroll to Top