Состанок на министрите на земјите од НАТО, САД и ЕУ – подготвуваат нови санкции

пред 2 години

Во Брисел денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. На состанокот ќе се разговара за тоа како најдобро да и се помогне на Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата очекува Москва да се обиде да го окупира целиот регион Донбас на исток, со цел да се создаде копнен коридор од Русија до анектираниот Крим.

Но, тој продолжува да инсистира дека нема да бидат испратени војници или авиони на НАТО да се борат во Украина.

Соединетите Американски Држави и ЕУ се подготвуваат денеска да воведат дополнителни санкции против Русија поради обвинувањата за воени злосторства во украинскиот град Буча. Сликите на масовни гробници и тела на цивили егзекутирани во предградијата на Киев го шокираа светот.

Вашингтон вели дека ќе забрани нови инвестиции во Русија и ќе воведе дополнителни санкции за руските финансиски институции. Тој, наводно, размислува за мерки насочени кон двете ќерки на Путин и најголемата руска банка.

Share
Scroll to Top