Србија донесе нови мерки – рестораните и трговските центри ќе работат до 18 часот

пред 4 години

Владата на Србија донесе 7 нови мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Мерките стапуваат на сила следниот вторник, пренесуваат српските медиуми.

Првата мерка е скратување на работното време до 18 часот на рестораните, кафулињата, баровите, клубовите, обложувалниците и трговските центри.

Втората мерка е задолжително и безусловно носење маски во затворен просто, како и на отворено во оние ситуации каде не е можно да се избегне меѓучовечки контакти.

Третата мерка е забрана за сите јавни собири со присуство на над пет лица, во затворен и отворен простор. Од оваа мерка исклучок се работните организациуи, училишните установи, продавниците, трговските центри и слични објекти, за кои важи пропишаното ограничување на бројот на присутни лица во секој момент во однос на квадратурата на објектот.

Четврта мерка е овозможување на работа од дома на сите вработени кај кои тоа го дозволува работата.

Петта мерка е строга контрола на обврската носење маски во јавниот превоз, со ограничен број на патници во возилата.

Строга контрола на спроведување на домашна изолација, домашен карантин, како и сите останати противепидемиолошки мерки кои се на сила, се предвидува со шестата мерка.

Седмата мерка кажува дека сите горенаведени мерки се предвидени за периодо од 10 дена, по што одново ќе бидат разгледани во светло на движење на епидемиолошката ситуација.

Share
Scroll to Top