Средба на дипломати меѓу Турција и Грција-минатата година двете земји беа на работ на конфликт

пред 4 години

Турски и грчки министри за надворешни работи се состанаа денес во Анкара во време на спор околу резервите на природен гас во источниот Медитеран.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и грчкиот колега Никос Дендиас ќе разговараат за билатералните односи и регионалните прашања, соопшти кабинетот на Чавушоглу.

Двете официјални лица требаше да се состанат еден ден претходно, но состанокот беше одложен за еден ден поради самитот на НАТО во Брисел.

Двете членки на Алијансата, Турција и Грција, се во расправија околу морските граници и резервите на природен гас во источниот дел на Средоземното море, и двете тврдат дека имаат право да го истражуваат и дупчат морското дно во потрага по енергија во истиот дел на морето, анализираат медиумите од регионот.

Жестоки расправии минатата година ги доведоа двете земји на работ на воен конфликт, пишуваат агенциите.

По петгодишна пауза, Турција и Грција продолжија да разговараат за ова прашање во јануари.

Анкара ги запре истражувањата во спорната област откако ЕУ се закани со санкции, но за возврат, Брисел одлучи во март да ги започне преговорите со Турција за царинска унија и миграцискиот пакт.

За да се одржи позитивна атмосфера, минатата недела претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мишел разговараа со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара.