Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

пред 3 години

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од 22 часот, предупредуваат експертите, критикувајќи ја одлуката на Кризниот штаб и Владата на Србија, која стапи на сила вчера во 22 часот.

На 10 октомври Србија надмина милион регистрирани случаи од почетокот на пандемијата, а во последните денови има повеќе од 50 смртни случаи и шест до осум илјади нови инфекции дневно.

„Ситуацијата е трагична, ужасна, катастрофална. Секој ден има речиси 8.000 заразени. Таа бројка не паѓа значително. Осцилациите од неколку стотина или илјада новозаразени не значат ништо“, предупреди вирологот и микробиолог Миланко Шеклер во утринската програма на РТС.

Шеклер рече дека овој вид пропусници не постои никаде во светот и дека мерката е бесмислена поради фактот што невакцинираните гости можат да влезат во рестораните, клубовите и кафулињата до 22 часот, кога започнува проверката на пропусниците.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ, исто така, тврди дека воведувањето на пропусниците на начинот на кој тоа го направиле српските власти е „симболична мерка што нема да влијае на инциденцата на болеста“.

Share
Scroll to Top