Шкотската премиерка Никол Старџен изрази надеж дека Шкотска ќе стане независна и повторно ќе се приклучи на Европската унија, потсетувајќи дека Шкотите не го сакаат брегзит, за кој тие гласаа против со мнозинство на референдумот во 2016 година.
„ Сега поминуваме низ тежок брегзит против наша волја, во најлош можен момент, среде пандемија и економска рецесија“, коментираше Старџен на веб-страницата на нејзината партија СНП за поддршка на независноста на Шкотска, два дена по дефинитивниот излез на Велика Британија од Европската унија.
Таа ја повтори својата решеност да организира нов референдум за независност на Шкотска, откако првиот таков обид не успеа во 2014 година, бидејќи 55 проценти од Шкотите гласаа против. Но, одлуката за организирање референдум е на британскиот премиер и тој одлучно го отфрли.
Доколку СНП извојува голема победа на локалните избори во мај, тоа ќе го зголеми притисокот врз Лондон да се согласи на нов референдум.
На референдумот во 2016 година, 62 проценти од Шкотланѓаните беа против напуштање на Европската унија, што беше поддржано од 51,9 проценти од граѓаните на Велика Британија.
„ Не сакаме да заминеме и се надеваме дека ќе се придружиме наскоро како рамноправен партнер“, рече Старџен.