Стејт департментот ја затвори амбасадата на САД во Минск

пред 3 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека Стејт департментот ја суспендирал работата на американската амбасада во белорускиот главен град Минск и дека на сите вработени во американската амбасада во Москва кои не се занимаваат со итни работи и на членовите на нивните семејства им било дозволено да си заминат.

Во соопштението на американскиот државен секретар се вели дека одлуката е донесена поради безбедносни проблеми кои произлегле од „неиспровоциран и неоправдан напад на руските воени сили врз Украина“.

Share
Scroll to Top