Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

пред 2 години

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО ја разбира фрустрацијата во Украина, но и смета дека ескалацијата надвор од границите на Украина всушност ќе предизвика уште повеќе страдања, повеќе смртни случаи.

Тој ја пофали Турција за овозможување дипломатски и политички процеси кои би можеле да доведат до мировни преговори меѓу Украина и Русија.

– Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи за противвоздушна одбрана, што би довело до директна конфронтација со Русија – рече тој.

Share
Scroll to Top