Столтенберг ги повика членките на НАТО да потрошат повеќе од 2 отсто од БДП за одбрана

пред 2 години

Првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика членките на алијансата да потрошат повеќе од 2 отсто од БДП за одбрана за да ја зајакнат алијансата.

Тој рече дека основната улога на НАТО е да ги заштити своите членки и дека тоа го прави и сега.

„Го зголемивме нашето присуство во источните делови на алијансата, ќе ја заштитиме секоја педа од територијата на НАТО“, рече тој.

Столтенберг додаде дека е неопходно да се спречи секој можен напад врз војниците на НАТО.

„Што се однесува до Кина, таа мора да се приклучи на остатокот од светот. Секоја поддршка за Русија во оваа брутална војна против независна држава и помага да ја продолжат војната што предизвика смрт и уништување. Кина има обврска како членка на ОН да го почитува меѓународното право“, рече тој.

Тој уште еднаш ја повика Кина да не ја поддржува Русија.

„НАТО со години ја поддржува Украина, дури и кога Русија изврши инвазија во 2014 година“, изјави Столтенберг за новинарите.

Тој рече дека таа помош и поддршка ја зајакнале силата на одбраната на Украина, преку обука, но и оружје.

„Претседателот Путин е одговорен за оваа војна, тој може веднаш да ја заврши и да ги повлече војниците. Го повикуваме да го стори тоа“, рече тој.

Share
Scroll to Top