Столтенберг: Гледаме апсолутно неоправдан напад на Украина

пред 3 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека воено-политичката организација ги разбира фрустрациите во Украина и предупреди дека ескалирањето надвор од границите на Украина ќе предизвика уште повеќе страдања и повеќе смртни случаи, јавува Анадолија.

Потсетуваме, Столтенберг учествува на Дипломатскиот форум во Анталија, каде за АА зборуваше за војната меѓу Русија и Украина, која трае веќе 16 дена.

Повторувајќи ја поддршката на НАТО за Украина, Столтенберг рече дека членките на НАТО обезбедуваат и воена и финансиска помош, а во исто време воведуваат строги санкции кон Русија.

– НАТО е делумно обединет во наметнувањето невидени трошоци на Русија преку економски санкции какви што досега не сме виделе – рече Столтенберг.

Столтенберг, исто така, ја пофали Турција за олеснување на дипломатските и политичките процеси кои би можеле да доведат до мирна дебата меѓу Украина и Русија.

– Турција е високо ценет сојузник во НАТО, таа игра клучна улога во борбата против тероризмот – рече Столтенберг.

Share
Scroll to Top