Столтенберг: Загрижени сме дека Русија може да употреби хемиско оружје

пред 2 години

НАТО е загрижен дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во т.н. напад под лажно знаме како дел од својата воена интервенција во Украина, изјави денеска генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.

„Загрижени сме дека Москва би можела да изврши операција под лажно знаме во Украина, веројатно со хемиско оружје“, рече Столтенберг на прес-конференција, а пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top