Стотици бродови чекаат за премин низ Суецкиот канал, објавени фотографии од воздух

пред 4 години

Огромниот брод што го блокира Суецкиот канал скоро една недела е поместен во понеделникот рано наутро, пишува агенцијата „Ројтерс“.

Бродот беше успешно помесетен во 4:30 часот наутро, а оттогаш за работи на негово обезбедување.

„Весел фајндер“, страница која се бави со следење на бродовите, го смени статусот на овој брод со назнака дека е „на пат“. Тоа практично значи дека пловилото веќе не стои во место.

Во меѓувреме, се создаде огромен метеж во поморскиот сообраќајот пред Суецкиот канал. Најмалку 369 бродови чекаат за премин. Многу транспортери размислуваа за повторно активирање на старата морска рута околу Африка. Блокадата на каналот ги наруши синџирите на снабдување и ги погоди глобалните пазари, а штетата се проценува на милијарди долари.

Засега е непознато кога Суецкиот канал повторно ќе се отвори за сообраќај.

Како изгледаше морето пред каналот во текот на вчерашниот ден може да се види на фотографиите.

„Застојот на влезот на каналот ќе трае со денови“, проценува капетанот од Риека, Балдо Волариќ, капетан на танкерот „Стена Суприм“, кој од саботата попладне е пред Порт Саид, на северниот крај од Суевкиот канал. Овој танкер е на пат од Ротердам до пристаништето на Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.

Волариќ за хрватските медиуми одговори на прашањето кој е одговорен за управување со бродот кога минува низ Суецкиот канал, капетанот или кормиларите.

Капетанот е секогаш одговорен, дециден бил морнарот од Риека, додавајќи дека истрагата ќе покаже дали капетанот бил во командната соба во моментот на заглавување или не. Според него, улогата на кормиларот е скоро секогаш советодавна.

Share
Scroll to Top