Судење на Нетанјаху за поткуп и измама

Судење на Нетанјаху за поткуп и измама

пред 1 година

Во Окружниот суд во Ерусалим продолжува судењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинение за корупција, кое беше прекинато заедно со сите други неитни случаи по нападот на Хамас на 7 октомври.

Итната наредба што министерот за правда Јарив Левин ја издаде до израелските судови по избувнувањето на конфликтот со Хамас истече минатата недела, а на повеќето судови им беше наредено да продолжат со нормална работа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху во моментов е ослободен од присуство на сослушувања, но може да биде повикан да сведочи за неколку месеци.

Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и нарушување на довербата во еден случај и обвиненија за измама и нарушување на довербата во два други случаи.

Тој ја негираше својата кривична одговорност.

Текстот Судење на Нетанјаху за поткуп и измама е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top