Судир на возови во Полска, неколку вагони излетале од шините

Судир на возови во Полска, неколку вагони излетале од шините

пред 2 часа

Два воза се судрија денеска во близина на селото Бјалошливје, во западно-централна Полска, а според првичните информации има повредени лица.

Полскиот портал ТВП Познањ објави дека во несреќата се повредени две лица, а на местото на судирот се испратени 16 противпожарни екипи.

Првичните информации укажуваа дека се судриле патнички и товарен воз. Сепак, снимките што ги објави телевизијата ТВН24 покажуваат дека, најверојатно, станува збор за судир на два патнички воза.

На снимките се гледа дека неколку вагони излетале од шините, додека на социјалните мрежи се објавени фотографии и видеа на патници кои стојат покрај пругата и излетаните вагони.

Текстот Судир на возови во Полска, неколку вагони излетале од шините е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top