Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ.
Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој ќе остане без шанса да го освои 21. Грен слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат и по 20 титули. Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев и во првото коло ќе игра против сонародникот на Ѓоковиќ Миомир Кецмановиќ, изветсуваат агенциите.
Медиумите потсетуваат дека министерот Хок му ја одби визата на Ѓоковиќ и во изјавата рече дека одлучил да ги искористи своите овластувања од Законот за миграција за да ја одземе визата врз основа на зачувување на здравјето и јавниот ред, и дека тоа било во јавниот интерес.
Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија со медицински доказ за ослободување од вакцинација. Но прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. Но, австралискиот министер за имиграција Алекс Хок му ја одби визата и двете страни повторно завршија на суд, анализираат медиумите.