Талибанците брутално убиле повеќе од 100 луѓе

пред 2 години

Повеќе од 100 поранешни припадници на државната безбедност и други луѓе се убиени во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во земјата, главно во рацете на таа тврдокорна исламистичка група која регрутира момчиња војници и ги задушува правата на жените, соопштија Обединетите нации.

Заменик високиот комесар на ОН за човекови права Нада ал-Нашиф рече дека покрај 100-те споменати, 50 други потенцијални членови на „Исламската држава во провинцијата Хорасан“ – идеолошкиот непријател на Талибанците – биле убиени со бесење или обезглавување.

Таа пред Советот на ОН за човекови права во Женева изјави дека од август се убиени најмалку осум авганистански активисти и двајца новинари и дека се документирани 59 незаконски притворања и закани за нивната индустрија.

– Безбедноста на авганистанските судии, обвинители и адвокати, особено жените правни професионалци е прашање кое е особено алармантно – посочи Нашифова.

Share
Scroll to Top