Талибанците воведоа полициски час во Кабул

пред 3 години

Талибанците воведоа полициски час во Кабул. Никој не смее да излегува од дома од 21 часот до зори, освен во итни случаи.

„ Членовите на авганистанскиот исламски емират воведоа полициски час во Кабул и објавија телефонски броеви во случај граѓаните да мора да заминат за време на забраната“, наведуваат агенциите.

Во извештајот се наведува дека полицискиот час ќе биде во сила до ново известување.