Талибанците во офанзива за контрола врз Авганистан: „Има жестоки судири, ова е тотален хаос“

пред 3 години

Жестоки судири започнаа денеска рано наутро меѓу авганистанската армија и талибанците во центарот на Кундуз, главниот град на провинцијата, соопштија локалните водачи и жители.

„Насилните судири, улица по улица, се случуваат во различни делови на градот. Безбедносните сили се повлекоа кон аеродромот”, изјавил за АФП членот на провинцискиот совет, Амрудин Вали.

„Талибанците дојдоа на централниот плоштад во Кундуз, тие беа бомбардирани од воздух“, рече Абдул Азиз, жител од центарот на Кундуз.

„Во градот владее целосен хаос“, додаде тој.

Талибанците во петокот и саботата ги зазедоа главните градови на две оддалечени провинции, Заранџ на југозападот од земјата и Шеберган на северот.

Доколку успеат да го освојат и Кундуз, тоа ќе биде победа без преседан и чекор кон враќање на власт.

Кундуз е голем трговски центар помеѓу Кабул.

Судирите меѓу авганистанските владини сили и талибанците се интензивираат низ целата земја паралелно со повлекувањето на меѓународните сили предводени од САД, по 20 години војување.

Талибанците окупираа огромни рурални области во последните три месеци, а цивилите избегаа од некои региони, создавајќи нова бегалска криза.

Сега обунтовниците против меѓународно признатата влада се насочени кон офанзива врз поголемите градови и досега опколија неколку провинциски главни градови, вклучувајќи ги Кандахар и Херат, вториот и третиот по големина град во земјата.

Share
Scroll to Top