Тајван стави во карантин 5.000 луѓе поради двајца заразени со коронавирус

пред 3 години

Здравствените власти на Тајван ставија во карантин 5.000 луѓе додека трагаат по изворите на два нови случаи на коронавирус поврзани со нивниот престој во болница.

Официјалните лица рекоа дека не биле во можност да идентификуваат како мажот и сопругата се заразиле по краткиот престој во болницата во Таојуан, близу Тајпеј.

Мажот бил во болница три дена поради здравствени проблеми кои не биле поврзани со коронавирусот, додека сопругата се грижела за него.

Пациентите кои биле отпуштени од болницата помеѓу 6 и 19 јануари, како и лицата кои се грижеле за нив ќе бидат ставени во карантин.

Тајван досега има седум смртни случаи од последиците на коронавирусот и нешто повеќе од 900 заразени, иако е близу Кина каде што започна пандемијата.

Share
Scroll to Top