Тајланд предложи нов закон со кој ќе се ограничи употребата на марихуана за лекување

Тајланд предложи нов закон со кој ќе се ограничи употребата на марихуана за лекување

пред 1 година

Тајландското Министерство за здравство предложи нов закон со кој ќе се регулира производството на канабис и ќе се ограничи употребата на марихуана првенствено за здравствени и медицински цели, објавија денеска локалните медиуми.

Според нацрт-законот, употребата на марихуана ќе биде дозволена за медицински третмани и истражувања спроведени од државните агенции на Тајланд, како и во храна и козметички производи, пренесува ВНА.

Секој што користи канабис или негови екстракти за други цели, освен оние наведени во законот, ќе биде казнет до 1.800 долари.

Текстот Тајланд предложи нов закон со кој ќе се ограничи употребата на марихуана за лекување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top