„Тајмс“: Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат

пред 2 години

Според британски „Тајмс“, украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.

„Тајмс“ неодамна објави дека платеници од т.н Вагнер групи и чеченските специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.

Денеска пишуваат дека некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната, направиле дојава за плановите за атентат до Украина и дека „вагнерите“ претрпеле загуби во нивните обиди да го убијат Зеленски.

„Неверојатно е колку е добро информиран тимот што го чува Зеленски“, изјавил извор за „Тајмс“, додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата, цитирајќи ја изјавата од Украина дека чеченските убијци биле елиминирани во предградијата на Киев.

Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Вагнер групи го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Вагнер групата е приватна милиција која, според „Тајмс“, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател, кој често го нарекуваат „готвач на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.

Да потсетиме, Зеленски во неколку наврати изјави дека е мета број еден, додавајќи дека руските специјални сили го бараат.

Share
Scroll to Top