Тбилиси вели дека партијата на Саакашвили подготвува револуција по изборите

пред 3 години

Опозициската политичка партија „Грузиско обединето национално движење“ основана од поранешниот претседател Михаил Саакашвили подготвува сценарио за револуција по претстојните претседателски избори, кои ќе се одржат на 31 октомври, изјави на брифингот извршниот секретар на владејачката партија „Грузиски сон – Демократска Грузија“, Иракли Кобахидзе, пренесува ТАСС.

„Имаме информации за кои јавноста треба да знае. Освен што има официјален изборен штаб, Обединето национално движење има т.н револуционерен штаб на чело со криминалецот Вано Мерабишвили [поранешен премиер на Грузија под Саакашвили], чија цел е подбуцнувањ на граѓаните, поттикнување насилство и насочување на политичките процеси на револуционерен курс “, објасни тој.

Според Кобахидзе, владејачката партија очекува провокации низ целата земја.

Тој истакна дека одредена компанија ИПМ, тесно поврзана со опозицијата, во последно време организира анкети, поставувајќи им го на луѓето следното прашање: „Кој облик на протест ќе го сметате за прифатлив ако не бидете задоволни од резултатите на изборите?“,проследено со избор од одговори: „блокирање на владините институции“, „штрајк со глад“ или „употреба на физичка или вооружена сила за исполнување на барањата“.

Грузија регистрираше 48 партии и два блока за учество на претстојните парламентарни избори.

Share
Scroll to Top