Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски.
Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот, донесе одлука за укинување на обврската за носење заштитни маски и најави дека повеќето продавници ќе можат да се отворат со полн капацитет следната недела, објави „Ројтерс“.
Тексас ги укинува ограничувачките мерки во време кога бројот на нови случаи на коронавирус и хоспитализирани пациенти се намалува низ САД.
„Време е Тексас да се отвори 100 проценти“, рече Абот, најавувајќи дека мерките ќе бидат целосно спроведени од 10 март.
Гувернерот изјави дека е во состојба да ги укине мерките затоа што 5,5 милиони жители од 29 милиони луѓе кои живеат во таа американска сојузна држава се вакцинирани.
Оваа одлука е во спротивност со повикот на претседателот на САД, Џо Бајден, кој апелираше до Американците да се придржуваат до мерките и да носат маски додека не се видат ефектите од вакцинацијата.