Тензиите од Блискиот исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

пред 3 години

Тензиите од Блискиот исток се прелејаа во Германија, каде се случија инциденти пред две синагоги.

Во Бон синоќа неколку млади луѓе фрлале со камења кон синагогата. Полицијата на местото на настанот открила и хартии со арапски натписи, а на тротоарот пронашле израелско знаме кое било запалено.

Три машки лица на возраст од 20 и 24 години се приведени.

Во Минстер полицијата спроведува истрага по палење на израелското знаме.

Група од околу 15 лица го запалиле знамето пред синагогата во овој германски град.

Сведоците на овој чин повикале полиција, која уапсила 13 лица против кои ќе бидат покренати обвиненија.

Share
Scroll to Top