Тензии во Црното Море: Руски воен брод стрелал кон британски уништувач

пред 4 години

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во Црното Море, објави во средата „Интерфакс“, пренесувајќи соопштение на руското Министерство за одбрана.

Инцидентот се случил во близина на југот на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Би-би-си наведува дека руски патролен брод испукал два истрела кон британскиот уништувач, но Русите не застанале тука. Имено, паралелно со предупредувачките истрели од рускиот воен брод, руски борбен авион „су-24“ фрлил четири високо-експлозивни бомби во морето пред британскиот уништувач, соопшти руското министерство.

„ХМС Дифендер ги напушти руските води кратко потоа“, информираат од Министерството за одбрана на Русија.

„Уништувачот беше предупреден дека ќе се употреби оружје доколку ја премине границата на Руската Федерација. Тој не реагираше на предупредувањето“, се вели во соопштението.

Аташето за одбрана на британската амбасада бил повикан во руското Министерство за одбрана на разговор, го цитира министерството, „Интерфакс“.

ХМС Дифендер е уништувач тип 45 и извршува мисии во Црното Море, се наведува на веб-страницата на кралската морнарица.

Share
Scroll to Top