Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на Камала Харис преку конференциски повик за време на нејзиниот состанок со персоналот на кампањата, првпат откога таа го зеде факелот за веројантиот демократски претседателски кандидат.
„Те следам, малечка“, ѝ рече Бајден (81) на заменик-претседателката Харис пред таа да ги каже забелешките пред својот предизборен тим – поранешен тим на Бајден – во изборниот штаб во Вилмингтон. „Те сакам“, додаде Бајден.
„Сакам да му кажам на тимот да ја прегрне. Таа е најдобра“, изјави американскиот претседател. Знам дека вчерашните вести се изненадувачки и тешко е да се слушнат, но тоа беше вистинската одлука“.
Во изјавата, која траеше 20-ина минути, Харис ги пофали достигнувањата на Бајден велејќи дека тие се неспоредливи во модерната историја.
„Знам дека беше горе-долу и сите ние сме исполнети со толку многу емоции за ова“, рече Харис. „Морам само да кажам: Го сакам Џо Бајден. Го сакам Џо Бајден“.
Во новиот изборен штаб на Харис плакатите на Бајден бргу се заменуваат со нови табли: „Харис за претседател“.
Кампањата на Харис соопшти дека собрала огромни 81 милион долари во 24 часа по заминувањето на Бајден. Ова вклучува донации од 880.000 индивидуални донатори. Тоа е најголемото еднодневно собирање средства за кој било кандидат досега, рече нејзиниот тим, пренесува „Ју-ес-еј тудеј““.
Текстот „Те следам, малечка“: првата порака на Бајден до Камала Харис по повлекувањето од кампањата е превземен од МАКФАКС.